Министерот Спасовски во работна посета на Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Првиот човек на македонската полиција- министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски придружуван од директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски денеска оствари работна посета на Неготино при што ја посети Полициската станица во нашиот град и оствари средба и се задржа во разговор со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков. Разговаравме за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица Неготино и заклучивме дека истата е стабилна, а  со  колегите  од ПС Неготино разговаравме за реализацијата на тековни и планирани активности и подобрување на условите за работа“- потенцираше министерот Спасовски по посетата на неготинската полиција. Министерот додаде дека овој концепт на работа на МВР има за цел директно присуство на терен во градовите во земјава и средби со граѓаните за обезбедување поголема безбедност и враќање на довербата од граѓаните кон полицијата. За време посетата на градот, во просториите на локалната самоуправа министерот Спасовски оствари средба и со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков  на која разговараа за прашања кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа, пред се во делот на сообраќајот и зачувувањето на јавниот ред и мир на подрачјето на неготинска општина. Министерот за внатрешни работи Спасовски потенцираше дека градоначалникот Делков го запознал се тековните и планираните проекти кои локалната самоуправа ги спроведува, на што Спасовски во функцијата на потпретседател на Владата на РМ вети поддршка за нивна реализација со единствена цел за подобрување на условите за живеење во општината. Двајцата соговорници безбедносната состојба на територијата на општина Неготино ја оценија како стабилна, забележано е опаѓање на криминалитетот и зголемен е бројот на решени предмети.