Отворената забавна фудбалска школа се враќа во Неготино PDF Print
There are no translations available.

  По пауза од четири години, Отворенaта забавна фудбалска школа за фудбал повторно ќе се организира во Неготино. По 2014 година кога истата за последен пат беше организирана и финансирана од Општина Неготино, оваа година локалната власт повторно ќе го организира ова спортско случување во кое се вклучени најмладите, односно децата на возраст од 6 до 12 години. Инаку, проектот под името “Отворени забавни школи за фудбал”, го организира данската невладина организација ЦЦПА (Cross Cultures Project Association) и има за цел преку забавни игри и педагошки забавен фудбал да се стимулира спортскиот дух, другарсвото и градењето на пријателства помеѓу најмладите. Она што е важно е аспектот на игратa и задоволството кое произлегува од играњето, а не резултатот. Многубројните вежби и игри се димензионирани така што овозможуваат повеќекратно доживување на мали успеси кај секој од учесниците. Проектот во регионот го финансира УЕФА, како и локалните заедници, учеснички во проектот. Школите за забавен фудбал се организирани од лидери и тренери – волонтери, кои се едуцирани за работа со деца на посебни семинари, кои се одржуваат и на ниво на секоја земја и на регионално ниво. Оворената забавна школа за фудбал во нашата општина ќе биде организирана во период од четири дена (два викенда), односно 1 и 2 септември (сабота и недела) и 8 и 9 септември (сабота и недела), а ќе се одржи на градскиот стадион во Неготино со почеток од 9 часот наутро. Општина Неготино е генерален поддржувач на школата, односно даде целосна финансиска поддршка на овој настан, притоа потенцирајќи една од зацртаните стратешки определби со програмата за спорт т.е. афирмација на интересот кај најмладите за спортот и спортските активности, притоа земајќи го во предвид комплетниот бенефит на заедницата од промоцијата на овој дел од општествениот живот.