Започна 11-тото издание на турнирот во улична кошарка “Street Ball 2018” PDF Печати

   Синоќа (28.08.), пред преполното гледалиште на градскиот плоштад во Неготино, започна 11-тото издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2018. Учество на турнирот зедоа екипи од неколку градови во регионот. Истите разигруваат во три конкуренци и тоа сениорска, јуниорска (до 16 години) и женска конкуренција Во сениорска конкуренција се пријавени екипи од Неготино, Кавадаци, и Гевгелија, а на првиот ден од турнирот во мошне силна конкуреција беа одиграни неколку одлични натпревари од првото и второто коло на турнирот. Денес (29.08.) од 19.30 часот ќе бидат одиграни натпреварите од третото, последно коло од групната фаза и првата четвртфинална елиминациска фаза од турнирот.Последениот ден од турнирот, (четврток) ќе бидат одиграни натпреварите од завршницата, односно двата полуфинални натпревари, натпреварот за третото место и големото финале на овогодинешното издание од турнирот. Исто така, последниот ден од турнирот ќе биде организиран и натпреварот во тројки кој е особено атрактивен и интересен за гледачите.Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 35.000 денари, а за најдобрата екипа во сениорска конкуренција предвидена е главната награда во висина од 20.000 денари. Наградите на најдобрите екипи по завршувањето на турнирот ќе им ги додели покровителот на манифестацијата - градоначалникот на општина Неготино Тони Делков.