На градскиот плоштад во Неготино од 28 до 30 август, љубителите на кошарката од општината ќе имаат можност да го проследат 11-тото по ред издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2018”. Ко-организатори на турнирот се Општина Неготино која преку Програмата за спорт ги обезбеди финансиските средства за реализација на овој спортски настан и кошаркарскиот клуб “Спорт тим” од Неготино, новиот член на Втората македонска кошаркарска лига во оваа сезона.Заинтересираните граѓани, пријавувањето на екипите можат да го направат на телефонските броеви 076/808-560 и 070/218-265, најдоцна до 28 август (до 14 часот). Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција, машка - јуниорска конкуренција (под 16 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Турнирот ќа започне на 28 август (вторник) во 18 часот, а истиот за отворен ќе го прогласи покровителот на овој спортски настан - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Тони Делков. Наградниот фонд на турнирот, изнесува 35.000 денари.
|