Од 28 до 30 август во Неготино турнир во улична кошарка “Street Ball 2018” PDF Print
There are no translations available.

   На градскиот плоштад во Неготино од 28 до 30 август, љубителите на кошарката од општината ќе имаат можност да го проследат 11-тото по ред издание на традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2018”. Ко-организатори на турнирот се Општина Неготино која преку Програмата за спорт ги обезбеди финансиските средства за реализација на овој спортски настан и кошаркарскиот клубСпорт тим од Неготино, новиот член на Втората македонска кошаркарска лига во оваа сезона.Заинтересираните граѓани, пријавувањето на екипите можат да го направат на телефонските броеви 076/808-560 и 070/218-265, најдоцна до 28 август (до 14 часот). Екипите кои ќе земат учество на турнирот ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка - сениорска конкуренција, машка - јуниорска конкуренција (под 16 години) и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот. Турнирот ќа започне на 28 август (вторник) во 18 часот, а истиот за отворен ќе го прогласи покровителот на овој спортски настан - Градоначалникот на општина Неготино, г-нот Тони Делков. Наградниот фонд на турнирот, изнесува 35.000 денари.