Со гребен асфалт тампонирани 2 улици во Тремник во должина од 400 метри PDF Печати

   Согласно ветувањата на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков дека во сите села во општината ќе се изврши санација на 1 до 2 улици со гребен асфалт, деновиве во селото Тремник беа реализирани активности за тампонирање на 2 улици. Едната улица на која по цела ширина беше поставен и со валјак набиен асфалтот е со должина од 280 метри, а втората со должина од 120, што значи дека е извршена санација на улици во должина од 400 метри. Според стручните служби, поставен е слој од 15-20 см гребен асфалт, а истиот е обезбеден од реконструкцијата на делницата од автопатот. Во наредниот период со гребен асфалт ќе се тампонираат улици и во останатите села во општина Неготино.