Со гребен асфалт тампонирани 2 улици во Тремник во должина од 400 метри PDF Print
There are no translations available.

   Согласно ветувањата на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков дека во сите села во општината ќе се изврши санација на 1 до 2 улици со гребен асфалт, деновиве во селото Тремник беа реализирани активности за тампонирање на 2 улици. Едната улица на која по цела ширина беше поставен и со валјак набиен асфалтот е со должина од 280 метри, а втората со должина од 120, што значи дека е извршена санација на улици во должина од 400 метри. Според стручните служби, поставен е слој од 15-20 см гребен асфалт, а истиот е обезбеден од реконструкцијата на делницата од автопатот. Во наредниот период со гребен асфалт ќе се тампонираат улици и во останатите села во општина Неготино.