Се поставува вертикална, а подоцна и хоризонтална сигнализација PDF Печати

   Врз основа на годишната Програма за работа на Одделението за комунални работи и сообраќај при општина Неготино, на неколку локации во градот се започна со замена и поставување на нова вертикална сигнализација, а по завршувањето на оваа активност ќе следува поставување и на хоризонтална сигнализација. Во моментов поставувањето на вертикална сигнализација се одвива во централното градско подрачје со опфаќање на улиците Маршал Тито, Партизанска, Ацо Аџи Илов, Ставре Ставрев, Пекарев, Јане Сандански, Борис Кидрич и други. Се очекува оваа активност да заврши за 10-тина денови, по што ќе се започне и со поставување на хоризонтална сигнализација. Се апелира до сите учесници во сообраќајот за внимателно движење додека се одвиваат овие активности, а за што од страна на одговорните е поставена соодветна сигнализација.