По поројните дождови, се расчистува центарот на Неготино PDF Печати

  Поројните врнежи од дожд кои ја зафатија нашата општина поради конфигурацијата на теренот на Неготино придонесоа најголемиот дел од водата да се спушти во централното градско подрачје. Токму затоа, веднаш по престанувањето на врнежите екипи на ЈП Комуналец и на Територијалната противпожарна единица од Неготино интервенираа на расчистување на центарот на градот. Покрај со работна рака и механизација, во акцијата се вклучени и 2 цистерни со вода со кои се чисти центарот на градот.