ЧЕСТИТ ПРАЗНИК ИЛИНДЕН PDF Print
There are no translations available.

Почитувани граѓани на општина Неготино !
Од мое лично име и како градоначалник на општина Неготино до сите Вас упатувам честитки по повод верскиот празник св. Илија и големиот државен и македонски празник Илинден-денот кој е длабоко вкоренет во свеста на македонскиот народ. На овој ден 1903 година македонскиот народ востана против Турската Империја барајќи ја својата слобода, а 41 година по првиот Илинден познатите македонски борци и херои од Илинденската епопеја и НОБ на Македонија на вториот Илинден во манастирот Св.Прохор Пчински ги удрија темелите на современата македонска држава.  Илинден односно денот на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за македонскиот народ. Тој е празник на 3 настани од духовната и националната природа кај македонците. Првиот празник е денот на Св. Илија. Вториот настан е денот на почетокот на Илинденското востание во 1903 и како трет настан е Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Духовниот момент и двата други историски моменти за Република Македонија кои се имаат случено на Илинден, даваат дополнително значење на овој празник, а токму традицијата го прави Илинден еден од најбитните и најголеми празници во Република Македонија.