Денеска (понеделник 30.07) седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   Денеска со почеток од 12,00 часот Советот на општина Неготино ќе ја одржи редовната 15-та по ред седница на која на дневен ред ќе се најдат 17 точки за разгледување. Советниците ќе расправаат по предлог-програмата за располагање со градежното земјиште сопственост на РМ на подрачјето на нашата општина за тековнава година, за измените и дополнувањата на програмата за комунални дејности и иуредување на градежното земјиште, за измените и дополнувањата на програмата за поставување на урбана опрема, како и за одлуките за предавање во сопственост просторија на ловечкото друштво Вардар и за доделување просторија во ТИЦ Желкова куќа. Се очекува Советот да донесе одлуки за утврдување приоритети на проектите за реконструкција на улица во Тремник и ГорниДисан-Вешје, како и одлука за финансиски и нефинансиски придонес на општина Неготино за ко-финансирање на проектот „Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината“. На дневен ред ќе се најдат и други прашања од делокругот на работата на Советот на општина Неготино.