Во Тимјаник отворен мал групен дом за лица со попреченост PDF Печати

   Неколку лица со попреченост кои досега престојуваа во Специјалниот завод во Демир Капија од денеска се сместени во отворениот мал групен дом во неготинското село Тимјаник, а во рамките на процесот на деинституционализација кој Министерството за труд и социјална политика го спроведува неколку години наназад. На отворањето на домот присуствуваа и свое обраќање имаа министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, претставниците на Уницеф и на Обединетите нации во Република Македонија Бенџамин Перкс и Луиза Винтон, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, социјални работници, претставници на граѓански организации и други присутни. Како што беше истакнато на настанот, со овој проект за деинституционализација кој е поддржан од Уницеф, УНДП и Европската унија предвидено е во наредните 2 до 3 години преостанатите 216 штитеници во Специјалниот завод во Демир Капија да бидат преместени во мали групни домови лоцирани во општините ширум Македонија, а со единствена цел за нивна полесна ресоцијализација и вклученост во општеството.