Заврши санацијата на тротоари на две улици во Неготино PDF Печати

   Согласно годишната програма за комунални работи и сообраќај на општина Неготино, во изминатиот период беа реализирани градежни работи за санација на тротоари на две улици во градот.  На терен се работеше на санација  на тротоарот од  левата страна  на ул„ Борис Кидрич“ од спојот со ул„Маршал Тито“ до спојот со ул „Јна“ во должина од 150 метри или како што информираат стручните служби, опфатена беше и уредена површина од 230 м2. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков најпрво се изврши отстранување на постоечкиот бетон и рабници, по што се пристапи кон поставување на бехатон коцки и нови бетонски рабници, а по завршувањето на работите овој тротоар  доби сосема нов и модерен лик. Градоначалникот Делков додава дека следна локација на која ќе се работеше беше потегот кај црквата „Св.Атанасиј“ од десната страна на ул„Партизанска“, поточно од спојот на истата со ул„Цандо Кожинков“ се до спојот со ул „4 Јули“ каде што се изврши санација на  тротоарот во должина од 150 метри. Средствата за изведување на работите беа обезбедени од Буџетот на општина Неготино.