Во Црвени Брегови се тампонира улица во должина од 700 метри PDF Печати

   Дел од гребениот асфалт од подготовките за асфалтирање на обиколницата околу Неготино-инвестиција на Владата на РМ преку Јавното претпријатие за државни патишта, ќе биде искористен и наменет за тампонирање на една улица во селото Црвени Брегови. Градежната механизација ангажирана за овој проект веќе неколку денови е на терен во ова неготинско село, ги заврши неопходните подготвителни активности и сега гребениот асфалт од обиколницата се транспортира до Црвени Брегови и се користи за тампонирање на споменатата улица. Станува збор за тампонирање на улица во должина од 700 метри која почнува од училиштето преку ценатрот па се до крајот на селото со што ќе дојде до санирање на најоштетените делови на оваа улица. Во своите јавни настапи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков истакнува дека во договор со одговорните во Јавното претпријатие за државни патишта е обезбеден гребен асфалт за тампонирање на улици во сите населени места во неготинска општина.