Се врши дератизација на подрачјето на општина Неготино PDF Печати

По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, денеска и утре ( 10 и 11 јули ) на територијата на неготинска општина  се врши дератизација. Во акцијата активно се вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите Зотокс од Скопје. Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови. Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.