Водата од Лукар до понеделник задолжително да се преврива! PDF Печати

   Поради обилните врнежи од дожд изминтиве денови водата за пиење од водоводниот систем Лукар е заматена. Поради тоа потребно е задолжително превривање пред употреба - апелираат од Центарот за јавно здравје Кавадарци. „Во текот на утрешниот ден ќе бидат земени мостри на водата, а резултатите од анализите за батериолошка и хемиска исправност ќе бидат познати во понеделник. До тогаш задолжително е водата да се проврива„ рече д-р Трајче Ризов, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје Кавадарци. Препораката за задолжително провривање се однесува за сите жители од Кавадарци, Неготино и Росоман кои се снабдуват со вода за пиење од системот Лукар.