Пчелниот парк с.Вешје-потенцијал за иден Апицентар во Регионот PDF Печати

  На ден 23.06.2018 година неколку пчелари од  ПЗ "Неготински мед"-Неготино во соработка со професионалните пчелари Дипл. инг. Мирослав Голубовски и Дипл.инг. Бранко Соколов од Скопје извршија поставување на првите 3 нуклеуси -пчелни семејства од високо селектирани матици во Пчелниот парк-иден Апицентар во с.Вешје -Неготино. Претходно беше извршено уредување на оградениот простор како и фарбање на соодветните пчелни сандаци.
Согласно програмските активности на  ПЗ "Неготински мед"-Неготино за 2018 година се оствари најважната активност за отпочнување со работа на Пчелниот парк- иден Апицентар ,каде ќе се врши едукација на своето членство и пошироко ,преку примена на најмодерните апитехники,преку предавања и работилници согласно календарот на пчеларското работење. Овие активности претставуваат продолжување и одржливост по завршување на ИПА проектот Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област "BEE CONOMY" на Европската Унија  и Општина Неготино, кој проект се реализираше во период 2015-2017 преку Одделението за локален економски развој на општина Неготино.Плановите на ЗГ,,Неготински мед,, и на општината се пчелниот парк да прерасне во Регионален Тренинг Апицентар. Општина Неготино подготвува нови проекти преку кои се планира партерно доуредување  на целиот простор во пчелниот парк ,како и реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во современ Апицентар , кој ќе биде можност за едукација и развој на пчеларството, но и алтернативна можност за развој на апитуризам во регионот.