Делков во Тремник: Се што е ветено, но и многу повеќе, ќе биде реализирано PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков придружуван од пратеникот во Собранието на РМ Ристе Ташев и претседателот на општинскиот Совет Диме Витанов оствари работна средба со жителите на Тремник на која се разговараше за актуелни проблеми и изноѓање решенија за нивно надминување. Во обраќањето пред локалното население од Тремник, градоначалникот Делков истакна дека се што им е ветено на тремничани, но и многу повеќе, ќе биде реализирано. Градоначалникот потенцираше дека до крајот на тековнава година во ова село ќе се спроведат 4 проекти и тоа:-асфалтирање на патот кој води од почетокот до центарот на Тремник за што веќе е изготвен и соодветен проект со одобрение за изградба со започнување на работите за 1-2 месеци и обезбедени средства од општина Неготино и(ли) од други извори, распишан е тендер за резервоарот за водоснабдување, ќе се гради детско игралиште со поставување реквизити и ќе биде поставена постојка. Кон крајот на годината, рече Делков, повторно ќе остварам средба со вас на која убеден сум дека заеднички ќе констатираме дека ветените проекти се остварени и дека сликата за селото ќе биде сменета во позитивна конотација. Градоначалникот информираше дека согласно неговата Програма за работа, планирано е во секое село во општина Неготино по 2 помали улички да се уредат со бекатон коцки, како и да се изврши тампонирање на улици со обезбеден гребен асфалт. На состанокот со месното население беа истакнати проблемите со вработувањето, наводнувањето на земјоделски површини, подигнување на квалитетот на водата за пиење, отворање на детска градинка , можностите за воведување забрана за движење на тешки товарни возила низ селото, како и за други теми за кои присутните покажаа интерес за дискусија.