Положено свежо цвеќе на спомен-бистата на Косте Волканоски PDF Печати
   Членови на најтесното семејство, роднини и пријатели, делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, припадници на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи-одделение Неготино, претставници на Синдикатот на полицијата, бранители-учесници во воениот конфликт и други делегации денеска на одбележувањето на годишнината од загинувањето на македонскиот бранител Косте Волканоски положија свежо цвеќе на спомен бистата пред Полициската станица во нашиот град и му оддадоа достојна почит на бранителот кој го загуби животот во воениот конфликт на 25-ти јуни 2001 година на локацијата Попова шапка. Во рамките на одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Волканоски, полицискиот синдикат во соработка со Општинскиот Црвен крст-Неготино организираше успешна крводарителска акција, а се одржа и традиционалниот турнир во мал фудбал. Во организација на ПС-ОН Неготино и Македонскиот полициски синдикат, а под поковителство на Градоначалникот на општина Неготино и повеќе приватни Стопанственици, се одржа 12-иот меморијален турнир Косте Волканоски. На истиот учествуваа екипите на ПС-ОН Неготино, АРМ Криволак, Полиција резервен состав и Полиција-ветерани. Исто така во рамките на турнирот, на 21 јуни се одржа осмата традиционална крводарителска акција во чест на Косте Волканоски, на која беа собрани рекордни 84 единици крв.