Во понеделник (25.06) ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

   На 25-ти овој месец, понеделник, со почеток од 16,00 часот ќе се одржи 13-тата по ред седница на Советот на општина Неготино на која, според предвидениот дневен ред, ќе се најдат 14 точки за расправа. Советниците ќе се произнесат по предлог-одлуката за прифаќање на иницијативата за отпочнување постапка за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на депонија за индустриски инертен и неопасен отпад кај местото викано „Шобово“, предлог-одлуката за прифаќање на иницијативата за отпочнување постапка за изработка на ДУП за Урбана заедница 3, дел од урбан блок 3.2, како и предлог-одлуката за изменување и дополнување на одлуката за утврдување на потребата од поставување на урбана опрема и за условите, начинот и постапката за издавање одобрение за поставување на урбана опрема и предлог-правилникот за условите и начинот на вршење авто-такси превоз на патници во општина Неготино. На дневен ред ќе се најдат и измени и дополнувања и на други предлог-програми и одлуки, а советниците ќе ја разгледаат и ќе расправаат и по предлог-одлуката за изменување и дополнување (ребаланс) на Буџетот на општина Неготино за 2018-та година.