Се изврши прскање против комарци на подрачјето на општина Неготино PDF Печати

   Во рамките на  спроведувањето на општите  мерки за заштита на населението од заразни болести согласно годишната Програма и оперативниот план за ДДД за тековнава година, општина Неготино во координација со Министерството за здравство на РМ и во соработка со стручни лица од Центарот за јавно здравје-Кавадарци реализираше акција за прскање против комарци. Според информациите од стручните служби при Одделението за комунални дејности и сообраќај при локалната самоуправа извршено е прскање на целата територија на град Неготино, а со активноста беа опфатени и селата Д.Дисан, Тимјаник, Војшанци, Тремник, Криволак, потегот по течението на реката Вардар и на дел од патот кој води кон селото Курија. Адултната дезинсекција со машинско прскање беше извршена од страна на правниот субјект Зотокс од Скопје со асистенција на вработени во општина Неготино и во кординација со стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци. Поради запрашувањето од комарци, граѓаните и здруженија од општина Неготино кои одгледуваат пчели и други видови животни, благовремено беа информирани да ги преземат сите неопходни мерки за нивна заштита.