ОСТВАРЕНА МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА СО ОПШТИНА ПОПОВО РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА PDF Печати

   Во периодот од 09.06-11.06.2018 општинска делегација предводена од Градоначалникот на општина Неготино г-дин Тони Делков присуствуваше на неколку настани поврзани со 135 годишнината од објавувањето на град Попово-Република Бугарија. За време на престојот во Попово, Бугарија  на 09.06.02018 општинската делегација  го посети Меѓународниот стопански саем организиран за прв пат во Попово.На истиот земаа учество повеќе од  25 компании од Бугарија ,Романија,Турција,Италија, Македонија .Од општина Неготино претставник на саемот беше винаријата „ПИВКА“ која ги претстави своите бели и црвени вина. Истиот ден градоначалникот Тони Делков се сретна и оствари контакти со неколку градоначалници од Романија, Турција, Русија, Италија и од Бугарија пред кои  ги претстави можностите за идна соработка со општина Неготино.Градоначалникот на општина Неготино имаше пригодно обраќање за време на свечената седница на Советот на општина Попово која се одржа на 10 јуни во присуство на бројни гости.Во своето пригодно обраќање градоначалникот Тони Делков меѓу другото истакна,,Нашата,а верувам дека и  Вашата намера  за долгогодишна соработка која трае повеќе од 15 години се темели на отвореност,взаемно помагање и на размената на  Вашите и нашите искуства.Како две збратимени општини во изминатиот период ,но и во периодот  кој следува, ќе се насочиме кон заеднички проекти и активности  на културен, општествен, но пред се на економски план.Верувајќи и одлучно чекорејќи по патот на европските вредности и перспективи, ние веруваме дека Вашите продобивки од членството во ЕУ може да бидат и наша реалност и да станеме уште посилни и посигурни за иднината  на нашите општини.Посебно ме радува што во текот на овие два дена овде во Попово, имаме можност да размениме позитивни искуства и добри практики , да бидеме дел од  настани кои се дел од Вашата  историја и култура, но и да се сретнеме со претставници од стопанството заради градење на партнерства и можности за продлабочување и проширување на  бизнис релациите ,,.
За време на престојот во Бугарија општинската делегација посети неколку други пригодни настани и културни манифестации. Пред и за време на главниот празничен концерт  од општина Неготино  КУД „Јане Сандански“ беше дел од дефилето и учествуваше  со свои изведби на концертот.Пред многубројното граѓанство на Попово на отворениот театар од името на сите градоначалници гости, честа да се се обрати му беше дадена на градоначалникот на општина Неготино г-дин.Тони Делков
Градоначалниците и претставниците на  администрацијата од Општините Неготино и Попово за време на престојот разговараа и за  неколкуте заеднички  проекти кои ги имаат подготвено овие две општини и за кои очекуваат во иднина да бидат реализирани низ конкретни активности.