Изложба од продажен и хуманитарен карактер во Музејот на град Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Деновиве во дворот на ОУ Музеј на град Неготино се одржи еднодневна ИЗЛОЖБА на ДЕКУПАЖ- рачни ракотворби изработени од дечиња од 4 до 11 годишна возраст од Неготино кои што работат во ателјето “Мис Креатив“ (Miss Creativ) кое што официјално функционира две години, под менторство на Велика Димова. Беа изложени околу 80-тина украсени предмети како: магнетчиња, свеќници, шишиња, штипки, разни тацни и др.
“ДЕКУПАЖ“ е техника за декорирање на предмети или мебел, од исечени парчиња хартија (салфети, оризова хартија , дури и платно) и нивно лепење на предметите. Во пракса декупажот со векови наназад се користел за разубавување на обични и стари предмети каде што со крајниот резултат тие изгледаат како вистински насликано уметничко дело. Самиот термин за називот на техниката доаѓа од француското “decuper“ што значи изрежи или исечи. Причините за се поголемата популарност на декупажот лежат во неговата разноликост, при што оваа техника може да се работи на секакви површини (стакло, керамика, дрво и др.) и на предмети од ситни кутии за накит па до големи парчиња мебел. Изложбата беше продажна и од хуманитарен карактер, а средствата добиени од влезниците ќе бидат наменети за Василие Петридов.