НОВАТА ГОДИНА ДОЧЕКАНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Ниту студеното време, ниту ниските температури, не беа пречка голем број граѓани на општина Неготино Новата 2011-та година да ја дочекаат на градскиот плоштад, каде што втора година по ред од страна на локалната самоуправа беше организиран заеднички дочек на најлудата ноќ во годината. Овојпат, за забавата и доброто располежение на присутните се погрижија Тајчи, Вардарски бисери, Владимир Пасинечки, група Чардак и Дуо Форте, додека како специјални гости на вечерта свој настап имаа девојките од Студиото за ориентален танц ,, 1001 ноќ ,, од Скопје. Новата Година беше дочекана со спектакуларен огномет, а неколку минути по полноќ на присутните, но и на сите граѓани, среќни новогодишни празници со желби за многу здравје, среќа, љубов и успех во животот им посака градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков. За времетраењето на организираниот дочек на Новата 2011-та година на градскиот плоштад беа поставени штандови на кои угостителските работници и винарските визби за присутните нудеа вкусна храна и квалитетни пијалаци.