Се обновува урбаната опрема и реквизитите на повеќе локации во Неготино PDF Печати

  Врз основа на годишната Програмата за комунални дејности и сообраќај, општина Неготино на неколку локации во градот започна со активности за санација на урбаната опрема, кантите за собирање на отпад  и поставените реквизити. Како што информираат стручните служби, извршено е обновување на сите клупи за седење во централното градско подрачје каде што и фреквенцијата од посетители е најголема, во населбата Саат-кула, а следуваат активности и на просторот околу Спортско рекреативниот центар Младост. Исто така, се врши санирање и на реквизите наменети за најмладите наши сограѓани кои наедно се и најмногу експлоатирани и подложни на оштетување и тоа како во центарот на градот, така и во населбата Саат-кула.