Награди и признанија за најдобрите ученици од неготинските училишта PDF Print
There are no translations available.

  Во четврток на 7-ми овој месец на градскиот плоштад во Неготино со почеток од 20,00 часот ќе се одржи настан под мотото „Играме и пееме за крај“ на кој на најдобрите и најуспешните ученици од трите неготински училишта ќе им бидат доделени пригодни награди и признанија. Настанот ќе се одржи под покровителство на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а организацискиот дел е на директорите и вработените во СОУ„Св. Кирил и Методиј“ , ООУ„Гоце Делчев“ и ООУ„Страшо Пинџур“ Драган Василев, Петар Мантев и Сашо Ѓорѓиев. Според предвидената програма која ќе се реализира на бината на градскиот плоштад, пригодно обраќање пред присутните ќе има градоначалникот Делков кој воедно ќе им ги врачи наградиите и признанијата на најдобрите ученици како знак на внимание за сите успеси што ги постигнале, за трудољубивоста, за огромната љубов и почит кон своето училиште, кон наставниците и родителите. Како што истакнуваат организаторите, настанот ќе биде проследен и со богата културно-забавна програма, па токму затоа апелираат до сите граѓани на општина Неготино во четврток навечер да повелат на градскиот плоштад и да ги проследат содржините од манифестацијата која за прв пат се одржува во нашиот град.