Апел со цел „Лето без пожари“ PDF Печати

   Со присуството на високи температури кои претставуваат потенцијална опасност за појава на пожари, од страна на надлежните институции до сите граѓани е упатен апел со мото „Лето без пожари“. Имено, од Територијалната противпожарна единица Неготино, а во соработка со Општинскиот противпожарен сојуз и локалната самоуправа Неготино, апелираат до граѓаните и населението за зголемена внимателност од можноста за предизвикување пожари сега, а посебно во претстојниот летен период. Токму затоа, се повикува на внимателност при движење во шумите и на отворен простор со единствена цел за благовремена превенција од пожари, предизвикување на општа опасност и загрозување на животот, здравјето и имотот на граѓаните и заедницата. Се препорачува да не се фрлаат догорчиња и отпушоци од цигари, да не се пали оган на отворен простор, на стрништа, плевели и друг отпаден материјал, со што пак сите заедно како граѓани на општина Неготино ќе придонесеме за зачувување на шумите и останатите материјални богатства во природата. Доколку граѓаните забележат пожар, се замолуваат веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број 193, информираат од Територијалната противпожарна единица од Неготино.