Денеска (вторник 29.05) ќе се одржи седница на Советот на општината PDF Печати

   Претседателот Диме Витанов за денеска (вторник 29.05)  со почеток од 16,00 часот ја свика 12-тата седница на Советот на општина Неготино на која според предвидениот дневен ред за работа општинските советници ќе расправаат по 8 точки. Се очекува советниците да донесат одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во истата, ќе се разгледува предлог-програмата за изменување и дополнување на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште во општина Неготино за тековнава година, како и предлог-одлуката за прифаќање на иницијатива за отпочнување постапка за изработка на локална урбанистичка планска документација со намена Г2 (лесна и незагадувачка индустрија). Денеска пред советниците ќе се најде и предлог-заклучокот за усвојување на кварталниот извештај за извршување на општинскиот Буџет за периодот јануари-март 2018, како и други прашања од делокругот на работењето на Советот на општина Неготино.