Во Неготино се одржаа „Манастирските фолкорни средби“ PDF Print
There are no translations available.

   Со учество на членови на културно-уметнички друштва од земјава и странство, викендов во Неготино се одржа традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал „Манастирски фолклорни средби-2018“. Организатор на настанот беше НУ Центар за култура „Ацо Ѓорчев“, покровител на настанот беше Министерството за култура на РМ, а поддршка даде и општина Неготино. Настанот за отворен го прогласи претседателот на Советот на општина Неготино Диме Витанов, додека директорката на Центарот за култура Гордана Стојановска на сите учесници им врачи благодарници и пригодни подароци. Годинава на фолклорните средби учествуваа културно-уметничките друштва „Бранислав Нушиќ“ од Владичин Хан, Р. Србија, „Севернач“ од Попово Р. Бугарија, „Тиквеш“ –Кавадарци, „Мирка Гинова“  од Демир Капија „Jане Сандански“  од Ново Село, „Илинден“ од Демир Хисар, „Мугри“ од Кочани и КУД „Јане Сандански“ од Неготино. Љубителите на фолклорот од општина Неготино и други гости и посетители во текот на двата дена од одржувањето на настанот имаа убава можност да уживаат во настапот на учесниците на „Манастирските фолклорни средби“.