Поставена урбана опрема на повеќе локации во општина Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на реализацијата на проектот „Мојот убав град“ инициран од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, деновиве на повеќе локации во градот и дел од населените места беа спроведени зафати за поставување на урбана опрема и оплеменување на околниот простор. Така, урбана опрема и нови реквизити се поставени во паркот на ул„Фемо Кулаков“ лоциран на десната страна од патот кон Тимјаник, а на тој простор извршено е и реновирање на дел од постоечките елементи со нивно враќање во првобитната состојба со создадена можност за нивно користење од месното население. Урбана опрема и реквизити се поставени и во дворот на Оснвното општинско училиште „Гоце Делчев“, со тоа што директорот Петар Мантев најавува реализација и на многу други проекти кои ќе придонесат за разубавување на овој простор. Зафати се изведени и во подрачното училиште во Пепелиште каде што се работеше на санирање на оградата на училишниот двор, а паралелно се реализираат активности и на други локации. Градоначалникот Делков изјави дека активностите од проектот „Мојот убав град“ ќе се одвиваат во континуитет за времетраењето на неговиот мандат.