Во Неготино одбележан Денот на пожарникарите PDF Print
There are no translations available.

  По повод 20-ти мај Денот на пожарникарите секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ ги посети и им упати честитки на припадниците на Противпожарната единица во Неготино. „Работата на пожарникарите е исклучително одговорна и ни малку лесна бидејќи вие несебично се изложувате на тешки и опасни ситуации и неретко во опасност ги ставате и вашите животи за да ги заштитите животите на граѓани и нивните имоти. Но, и покрај опасностите, да се биде пожарникар е хумана и пожртвувана работа, а вашата организираност и професионалност се од драгоцена важност при дејствувањето во пожари и други непогодности“-истакна секретарот Златковиќ. Командирот на неготинските пожарникари Иле Илиев додаде дека со максимална одгворност, посветеност и ангажираност ги реализираат поставените задачи во текот на цела година, покажувајќи ја на дело посветеноста кон оваа хумана професија, а се со цел секогаш и во секое време да им се излезе во пресрет на граѓаните и нивните потреби. На денешната свеченост по повод Денот на пожарникарите посета реализираа дечиња од Детската градинка „Фемо Кулаков“ од нашиот град кои се запознаа со механизацијата и алатите неопходни за интервенција на пожарникарите и како треба да реагираат и на кој број (193) треба да се јават сите кои ќе забележат пожар.