Поддршка од општината за настапот на дуо „Грациозо“ во Мароко PDF Print
There are no translations available.

  Музичкиот дует „Грациозо“ неодамна третпат настапи во Мароко и ја претстави нашата земја на музички фестивал на кој учествуваа уметници од целиот свет. Станува збор за концерт што се одржа во рамките на фестивалот „Мдик Мозаик“ во мароканскиот град Ринкон. Ова беше прво издание на фестивалот, на кој учествуваа околу 200 уметници, групи, танчари и игроорци од целиот свет. Имаше учесници од Шпанија, Италија, Бугарија, Гвинеjа-Бисао, Велика Британија, Македонија и други држави. Манифестацијата беше под покровителство на гувернерот на Ринкон, а меѓу почесните гости на настапите беше и една од принцезите на кралството Мароко, како и гувернери, министри и други значајни личности од економската, културната и музичката фела. Дуетот „Грациозо“, што го сочинуваат Невенка Дуковска – пијано и Кристина Палија – сопран, овој пат доби и плакета, врачена лично од гувернерот, за нивниот придонес во развојот и збогатувањето на музичката култура и придонес во меѓународната соработка меѓу нашите две држави. Би сакала да му се заблагодарам на градоначалникот на општината Неготино Тони Делков, кој ни даде поддршка да ја претставуваме нашата земја на сцените во Мароко. Оваа година ние се претставивме исклучиво со класична музика, со познатите сопрански арии на Пучини, Верди, Хендл, Шуберт и други. Искрено, бевме пријатно изненадени од реакциите на публиката, која со големо внимание го проследи целиот наш настап, кој за нив навистина беше реткост, бидејќи во Мароко пред сѐ се негува и слуша тамошната ориентална музика, додека класичната музика е помалку застапена – вели сопранистката Кристина Палија. Таа дополни дека свечена церемонија се одржала пред претставници од кралската фамилија на Мароко, меѓу кои била и една од принцезите на династијата и гувернери, кои се директни застапници на кралот Мухамед Шести, кои дојдоа од Рабат, Казабланка, Тетуан, Ринкон и од Мдик каде што се одржуваше фестивалот. Гостин во програмата беше и Александра Трајкова (пијано), професорка во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип, чиј настап исто така беше проследен со неверојатни овации од срдечната и многубројна публика.
Дуетот „Грациозо“ наскоро го очекува и настап во Шпанија, а во октомври и во декември добија покана повторно да гостуваат во Мароко.