ФОТО: „Матурски бал-Неготино 2018 г“ PDF Print
There are no translations available.

   По 8-ми пат во организација на општина Неготино и Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ на градскиот плоштад во нашиот град се одржа традиционалната манифестација „Матурски бал-Неготино 2018г“ на која пред присутните во ритамот на танцот „квадрил“ танцуваа неготинските матуранти. Манифестацијата за отворена ја прогласи секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ кој во негово и во име на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на матурантите им порача дека со самиот чин на матурирање тие стануваат возрасни луѓе свесни за својата одговорност и од денеска тргнуваат по нови животни патеки со што завршува една значајна фаза од нивниот живот на која секогаш ќе се сеќаваат. Секретарот Златковиќ во пригодното обраќање изрази убедување и надеж дека најголемиот дел од матурантите ќе го продолжат образованието на една од високообразовните установи во РМ и на тој начин ќе создадат услови за надградба на нивните знаења кои ќе им бидат од голема корист при реализирањето на нивните идни работни и животни кариери. Веднаш потоа, стотици неготински матуранти го одиграа танцот „квадрил“.