ЧЕСТИТКА ДО МАТУРАНТИТЕ ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
Драги матуранти !
„Ми претставува огромна чест и задоволство на сите матуранти од општина Неготино да им го честитам матурирањето и влегувањето во светот на возрасните. Вие, почитувани матуранти, кои сте млади луѓе полни со позитивна енергија, располагате со се што е потребно да зачекорите кон нови почетоци и предизвици кои ве очекуваат во наредниот период. Убеден сум и се надевам дека најголемиот дел од Вас ќе го продолжат сопственото образование на една од високообразовните установи во Република Македонија и на тој начин ќе создадете услови за надградбата на Вашите знаења кои несомнено ќе Ви бидат од голема корист при реализирањето на Вашите идни работни и животни кариери. Вечерва, ќе го прославите завршувањето на една значајна развојна фаза од Вашиот живот на која секогаш ќе се сеќавате, и како и ние повозрасните, така и Вие средношколските денови и матурирањето ќе ги паметите целиот живот. На сите матуранти од неготинското средно училиште „Св. Кирил и Методиј“ Ви го честитам матурирањето, Ви посакувам многу здравје и среќа во животот, како и успех на личен и професионален план“.