Започна уредувањето на јавна површина во центарот на Пепелиште PDF Print
There are no translations available.

   Со изведување на градежни работи, започна уредувањето на јавна површина во централното подрачје во Пепелиште непосредно до споменикот на паднатите борци во НОБ со изведба на влезна патека до одморалиштето и пристапна патека до песочник каде ќе биде поставена урбана опрема за потребите на населението. Градежните работи опфаќаат одбележување на локацијата за градење со соодветна сигнализација, машински ископ на земја, подготовка и набивање на тлото, по што следува набавка, насипување и планирање на тампон под целата градежна површина на просторот кој е предмет на уредување. Како што информира градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во натамошниот дел од работите ќе се пристапи кон монтажа на бехатон плочки на целиот простор со дебелина од 6 сантиметри под патеките и одморалиштето околу споменикот, како и монтажа на парковски рабници по целата обиколка на површината на градење. Градоначалникот Делков додава дека по завршувањето на работите жителите на Пепелиште на располагање ќе добијат пријатно катче за одмор, релаксација и поминување на дел од слободното време, а проектот се реализира со средства од Буџетот на општина Неготино.