КРЕДИТНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА PDF Печати

  Советот на општина Неготино донесе одлука за издавање гаранција на обврските на ЈКП ,, Комуналец ,, за негово кредитно задолжување кај Република Македонија за финансирање на проектот ,, Водовод и канализација на општините ,,. Станува збор за одлука со која се гарантираат сите плаќања на ,, Комуналец ,, кои произлегуваат од договорот за заем за користење на финансиски средства обезбеден од Кредитната банка за обнова – KFW за финансирање на проект со кој се очекува подобрување на состојбата со водоводната и канализационата мрежа во неготинска општина.

 

    За таа цел, ЈКП ,, Комуналец ,, - Неготино ќе користи средства од овој заем во износ од 249.569 евра кои ќе бидат наменети за реконструкција на водоводната мрежа. Рокот за отплата на заемот изнесува 29 години со вклучен грејс период од 10 години, средствата ќе се отплаќаат на 58 рати, додека каматната стапка за овој заем изнесува 2% на годишно ниво.