Се реконструира тротоарот на улица „Партизанска“ во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Паралелно со реконструкцијата на тротоарот на левата страна од улицата „Борис Кидрич“ во близина на Музејот на град Неготино, се одвиваат и градежни работи за за реконструкција на тротоарот на потегот кај црквата „Свети Атанасиј“ во нашиот град. Градежните работи опфаќаат одбележување на тротоарот, кршење на бетонот на неколку сегменти, машински ископ на земја, набивање на тлото, набавка, транспорт и планирање на тампон под тротоарот и друго. По оваа фаза од работите следува поставување на бехатон плочки од 6 см. и монтажа на парковски  бетонски рабници на еден сегмент каде дворното место од страна на улицата не е оградено. Тротоарот кој се реконструира е во должина од 150 метри, односно на површина од 230 метри квадратни и со неговото завршување овој доста фреквентен потег од десната страна на ул„Партизанска“ од спојот на ул „Цандо Кожинков“ до спојот со ул „4-ти Јули ќе стане пофункционален и ќе добие сосема нов лик. Средствата за реализацијата на проектот се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.