Илија Ѓорѓиев победник на отвореното градско првенство на Неготино во шах PDF Печати
   Од 4 до 6 мај во нашиот град се одржа седмото по ред отворено првенство во шах “Неготино Опен 2018”. На првенството учество зедоа преку 20 учесници кои за три дена одиграа вкупно 7 кола по швајцарски систем. Победник на овогодинешното отворено првенство е шахистот Илија Ѓорѓиев за кој ова е втор триумф на првенствата по 2013 година кога исто така беше победник. Тој во седумте одиграни партии освои вкупно 6,5 поени и ја освои првата награда во вредност од 5.000 денари. Второто место на турнирот и втората награда во висина од 4.000 денари му припадна на Санде Атанасов, а третопласиран е Милорад Давидовиќ. Награди во висина од 1.000 денари добија и најдобро пласираниот млад шахист (под 18 години) и најдобро пласираниот ветеран (над 60 години) кои учествуваа на турнирот. Наградите ги обезбеди Општина Неготино, а првенството беше организирано во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”.