Одбележан патрониот празник на ООУ„Гоце Делчев“ од Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Денеска се одбележуваат 115 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев кој на денешен ден во 1903 година бил убиен од турската војска во селото Баница, а во тие рамки денеска беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште “Гоце Делчев“ од Неготино. Активностите започнаа со одржување на спортски игри и со полагање на свежо цвеќе на спомен бистата на патронот која е лоцирана во училишниот двор, по што програмата продолжи во просториите на училиштето. На настанот беа присутни и истиот го проследија  голем број гости меѓу кои сегашни и поранешни наставници и раководители, делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Тони Делков, носители на јавни функции, претставници на бизнис секторот и други присутни кои имаа пријатна можност да ја проследат празничната програма подготвена од страна на учениците и нивните наставници. Во рамките на одбележувањето на патрониот празник беа доделени дипломи и пофалници, а пред присутните беа прочитани наградените литературни творби по предходно распишаниот конкурс. Инаку, празнувањето започна синоќа во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ со одржување пригодна програма во чии рамки свое обраќање пред гостите имаше директорот на оваа образовна установа Петар Мантев.