ЗДРУЖЕНИЕТО ,, СТАРИ ЗАНАЕТИ ,, СО НОВ ПРОЕКТ PDF Print
There are no translations available.

  Во организација на Здружението ,, Стари занаети ,, со финансиска поддршка од УСАИД, Американскиот мировен корпус, општина Неготино и самото Здружение, започна реализацијата на нов проект кој има за цел преку изработка на дела да се презентираат сопствениот талент и способности, а паралелно да се пребаруваат ментори, инструктори и вајари од ликовната уметност за креирање нови врски за остварување на идна соработка. Во спроведувањето на проектот се вклучени 8 претставници на Здружението заедно со доброволката на Американскиот мировен корпус Трејси Спаркс кои ќе се обидат да изградат меѓусебна доверба да експериментираат со нови композиции, да истражуваат 3Д функционални и стилски скулптури и истите да ги издлабат на различни видови дрво.
Инаку, Здружението на граѓани ,, Стари занаети ,, е непрофитна организација основана во 2004 година од група ентузијасти со мисија да предизвика традиционални македонски вештини, креирање уметнички скулптури, созадавање јавна уметност и заживување на наследството во форма на дрвени скулптури. По завршувањето на проектот, се планира отворање на студиото за јавноста и изложување на изработените предмети.