Започнаа градежните работи во Урбаната зона 8 блок 1 во Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Во присуство на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, претставници на изведувачот  „Ју-бај2“ од Скопје и надзорот над изградбата, започнаа работите за изградба на водоводна, фекална и атмосверска канализација во УЗ 8 блок 1. Станува збор за проект чија вкупна вредност на работите изнесува 14.000.000 денари, а истиот се спроведува преку Министерството за транспорт и врски со средства одобрени од Европската инвестициона банка.  Се гради комунална инфраструткура и тоа АБ канал, краци на улиците 3 и 4, а се поставува и водоводна, фекална и атмосверска мрежа во рамките на проектот „Линиска инфраструктура за изградба на комунална инфраструктура во општина Неготино. Согласно проектот, ќе биде изграден канал во должина од 330 метри, фекална мрежа со опфат на краци во должина од 808 метри, атмосверска канализација од 372 метри и водовод за улиците 3 и 4 со опфат на краци во должина од 809 метри. Градоначалникот Делков изрази оптимизам дека целиот проект ќе биде навремено завршен со што ќе се создадат услови за непречено функционирање на постоечките стопански капацитети, но и да се стимулираат потенцијални инвеститори токму на овој урбанизиран простор да изградат нови капацитети.