Од среда (02.05.) во функција ќе биде паралелниот систем за наводнување дворни површини PDF Печати
Од Јавното претпријатие Комуналец  ги  известуваат граѓаните  на општина Неготино дека од 02.05.2018 (среда) ќе биде пуштен во функција паралелниот систем за наводнување на дворните површини. Од локалното комунално претпријатие ги замолуваат  граѓаните да извршат проверка на своите приклучоци и да ги доведат во исправна состојба.  Во случај на појава на евентуални дефекти, да се пријави во Ј.П.„Комуналец“ или на тел: 361 – 711.