Делегација од Франција на средба со градоначалникот Делков PDF Печати
  СОУ „Свети Кирил и Методиј“ од Неготино започна соработка со гимназијата Малерб од Каен, Р. Франција. Соработката започна пред 18 месеци а се конкретизираше овој април со школска размена помеѓу двете училишта.  Учениците од нашето средно училиште беа на посета во Каен во периодот од 6 до 13 април додека француските ученици им ја возвратија посетата од 20 до 27 април 2018. Вкупно заминаа 21 ученици од француските паралелки со тројца професори. Темите на коишто работеа учениците од двете земји беа теми од областа на првата и втората светска војна. Беа посетени плажите на истоварувањето на сојузничкита сили во Нормандија и Меморијалниот центар во Каен. Во Македонија беа посетени француските и македонските гробишта каде што им се оддаде почит на паднатите македонски и француски војници за време на последните две светски војни. Учениците работеа на проектот „Нормандија за мир“ истражувајќи и користејќи различни материјали и фотографии направени во Франција.  Јазичната и културната размена со оваа најголема гимназија во Нормандија (2400 ученици) ќе се одвива секоја втора година.