Поради дефект, жителите од висока зона Неготино ќе немаат вода за пиење PDF Печати
Одговорните во Јавното претпријатие Комуналец ги информираат граѓаните кои живеат во ,,висока зона" во Неготино, дека поради настанат дефект ќе немаат вода за пиење до 17,00 часот. Од Комуналец додаваат дека нивни екипи се на терен и работат на отстранување на дефектот, по чие санирање водата ќе дојде до домовите на населението од населбата Саат-кула.