Амбасадорката на Јапонија во работна посета на Неготино PDF Печати

   Првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Република Македонија Кеико Ханеда престојуваше во работна посета на општина Неготино остварувајќи притоа средба со градоначалникот Тони Делков, а ја посети и изложбата во Музејот на град Неготино. На средбата со градоначалникот Делков, високата гостинка-амбасадорката Ханеда беше информирана за личната карта на општина Неготино, проектите кои локалната самоуправа ги спроведува во моментов, како и оние кои допрва ќе се реализираат, со единствена цел градот и населените места да станат подобро место за живеење на сите жители. Престојот во Неготино, амбасадорката на Јапонија го искористи да присуствува на отворањето на изложбата на јапонска графика од уметници од 17-иот век. Како што истакна градоначалникот Делков преку оваа изложба и изложените дела ја запознаваме земјата на изгрејсонцето Јапонија, далечна земја - како географски, временски и етнички и со различна култура, но ете тоа не е пречка да се оствари соработка на двострано задоволство. Градоначалникот изрази надеж дека соработката со првиот резидентен амбасадор на Јапонија во Македонија Кеико Ханеда ќе продолжи и понатаму на секое поле.