Голем интерес за инвестирање во општина Неготино PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков деновиве имаше интензивни контакти со странски претставници, меѓу кои амбасадори, потенцијални инвеститори и заинтересирани за спроведување заеднички проекти со нашата општина. Така, денеска градоначалникот Делков го прими и разговараше со Паоло Вигато од Италија од општина Есте и Монтањина-провинција Падова Венето. Целта на состанокот беше воспоставување соработка и аплицирање на заеднички проекти од интерес за двете општини од областа на земјоделието и животната средина. Двајцата соговорници беа едногласни дека и двете општини имаат огромни потенцијали за спроведување проекти од овие области, па се договорија на наредниот состанок соработката да продолжи на ниво на администрација преку заедничко разработување на проекти.