Во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” втора изведба на комедијата “Стјуардеси” на кавадаречкиот театар PDF Печати

   На барање на љубителите на театарот од Неготино, комедијата “Стјуардеси” на кавадаречкиот театар наредната недела ќе доживее репризно издание во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”. Поради огромниот интерес за оваа театарска претстава во нашиот град за премиерната изведба и после неа, општина Неготино и Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” направија напори по вторпат да ги видиме одличните актери на кавадаречкиот театар со извонредната изведба на оваа комедија, која што е работена според текст на Марк Камолети, а е во режија на Диме Коцевски.

Претставата е закажана за вторник, 24 април со почеток од 19.30 часот, а влезниците по цена од 50 денари можат да се набават пред почетокот на претставата на билетарата во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев”.