ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

  Делегација на Амбасадата на Република Франција во Република Македонија предводена од неговата Екселенција – амбасадорот Жан Клод Шламберже престојуваше во еднодневна работна посета на општина Неготино. Високиот гостин најнапред оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков од кого беше информиран за личната карта на општината, тековните активности во локалната самоуправа, расположивите стопански капацитети и слично. Амбасадорот Шламберже истакна дека ова е негова втора посета на нашата општина и дека секогаш кога доаѓа, се чувствува пријатно во нашиот град.

    Извонредно масовно беше присуството на изложбата насловена како ,, 95 години од една француска мисија во Тиквешијата 1915 – 2010 год  ,, што се отвори во Музејот на град Неготино на која преку изложените слики и други предмети се евоцираа спомени за настан значаен за француската историја – случен на подрачјето на општина Неготино. Веднаш потоа амбасадорот Шламбреже, неговите соработници и претставници на домаќините остварија посета на Средното општинско училиште ,, Св. Кирил и Методиј ,, при што од страна на директорката Маја Тефова беа информирани за тековните активности, а присуствуваа и заеднички ја проследија специјално подготвената програма во чест на гостите од страна на учениците од билингвалната француско – македонска паралелка која функционира во склоп на средното училиште во Неготино.