Прием кај градоначалникот Делков по повод Светскиот ден на Ромите PDF Печати

   Во пресрет на одбележувањето на 8-ми април-Меѓународниот ден на Ромите, градоначалникот на општина Неготино Тони Делков во кабинетот ги прими и се задржа во разговор со претставници на ромската заедница од неготинска општина од Здружението на граѓани „Вардарли тек“ од Криволак.
„ Ромите, како интегрален дел од нашето општество, се рамноправни со останатите граѓани и ги уживаат придобивките да го негуваат својот јазик, да ги развиваат својата култура и традиции, и активно да партиципираат во општествениот живот во општина Неготино. Јас како градоначалник и општина Неготино ќе продолжиме да ги негуваме односите со припадниците на ромската заедница, секогаш ќе бидеме достапни за да ги слушнеме нивните проблеми и заеднички да изнаоѓаме решенија, се во интерес на подобрување на нивниот статус како граѓани на неготинска општина и создавање услови за поквалитетно одвивање на нивното секојдневно живеење“-рече градоначалникот Делков во пригодното обраќање пред присутните честитајќи им го престојниот празник.
Претседателот на Здружението на граѓани „Вардарли тек“ Сафет Темуровски информираше за активностите што тие ги организираат во рамките на 4-дневната програма со која се одбележува Светскиот ден на Ромите, а наедно и се заблагодари на градоначалникот за поддршката што ја добиваат од него и локалната самоуправа, изразувајќи убедување дека истата во иднина ќе биде подиигната на уште повисоко ниво.