Маскенбал – 2018г. – Неготино PDF Print
There are no translations available.

   Присуството на долгогодишната традиција за организирање на овој настан и прекрасните временски услови придонесоа Градскиот плоштад во Неготино да биде исполнет до последното место со учесници на Маскенбалот и заинтересирани граѓани кои дојдоа да го проследат истиот. А, за волја на вистината, имаа и што да видат. Стотици дечиња под маски со прекрасни креации продефилираа низ улиците на градот присигнувајќи на плоштадот, каде се одржуваше централниот настан. Имено, во рамките на манифестацијата „Маскенбал-2018г.“ своите поединечни и групни маски ги презентираа дечињата од клоновите Мајски цвет и Пролет при Детската градинка Фемо Кулаков, ученици од основните училишта Гоце Делчев и Страшо Пинџур, од СОУ Св. Кирил и Методиј, а не изостана присуството и на други заинтересирани сограѓани кои се појавија под маски. Маскенбалското дефиле се движеше по улиците Маршал Тито и Партизанска со пристигнување на учесниците на градскиот плоштад каде што на бината се одржа забавна програма во рамките на која децата и учениците од Неготино пред многубројните посетители се претставија со музички перформанси, хумористични точки и денс-изведби, што придонесе за создавање исклучително пријатна и позитивна атмосфера во која уживаа и учесниците и посетителите на годинашниот маскенбал.